• сабота, 27 јули 2024

Претпладне сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност

Претпладне сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност
Скопје, 1 март 2021 (МИА) - Претпладне сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени. До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

Остани поврзан