• петок, 30 август 2024

Претпладне облачно и студено, попладне сончево

Претпладне облачно и студено, попладне сончево
Скопје, 4 февруари 2022 (МИА) - Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно и студено, по одделни котлини со значителна ниска облачност. Попладне претежно сончево. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје, како што најавија од УХМР, времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне четири степени. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. И во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер. Локални врнежи од дожд и снег, според најавите, ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и во понеделник кон крајот на денот. цр/са/

Остани поврзан