• сабота, 27 јули 2024

Претпладне магливо со појава и на ниска облачност, а од пладневните часови сончево со умерена облачност

Претпладне магливо со појава и на ниска облачност, а од пладневните часови сончево со умерена облачност
Скопје, 6 ноември 2021 (МИА) - Времето ќе биде облачно и релативно топло. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје претпладне магливо со појава и на ниска облачност, а од пладневните часови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени. Во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Благо опаѓање на температурите ќе има од средината на наредната седмица.

Остани поврзан