• недела, 01 септември 2024

Претпладне магливо по котлините, попладне сончево

Претпладне магливо по котлините, попладне сончево
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Времето денеска претпладне ќе биде маглливо или со ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени Целзиусови. И во Скопје претпладне ќе има магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и утре ќе се задржи стабилно и претежно тивко време со магла по котлините. Во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. вј/сп/

Остани поврзан