• недела, 06 октомври 2024

Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде повремено ќе бидат поројни и се очекува локално да наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 18 степени. Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан