Прес - конференција по повод концертот на светската тенорска sвезда Пласидо Доминго во Скопје
- По повод претстојното гостување на светската тенорска sвезда, Пласидо Доминго во арената „Борис Трајковски“, денеска, напладне, ќе се одржи прес-конференција во фоајето на Македонската Опера и Балет.

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - По повод претстојното гостување на светската тенорска sвезда, Пласидо Доминго во арената „Борис Трајковски“, денеска, напладне, ќе се одржи прес-конференција во фоајето на Македонската Опера и Балет.
На конференцијата за медиумите ќе присуствуваат министер за култура и туризам Зоран Љутков, Оливер Арсовски, директор на Македонската опера и балет и Кристијан Стефановски, претставникот од „Прагма продукција“.
Доминго е еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувач на 12 Греми музички награди. Тој по првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арената „Борис Трајковски“.
Концертот го организира Прагма продукција во соработка со Македонска Опера и Балет. вг/мд/
Фото: Плакат