• недела, 24 ноември 2024

Пресуди за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“

Пресуди за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“
Скопје, 28 февруари 2022 (МИА) - Во Основниот Кривичен суд - Скопје денеска ќе бидат објавени пресудите за дел од обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“. Мартин Протуѓер, Миле Јанакиески, Катерина Веловска, Гордана Јанкулоска, Мунир Пепиќ, Билјана Бришковска-Бошкоски, Кирил Тодоровски и Коста Митроски се обвинетите кои признаа вина и од судот побараа, при изрекувањето на пресудата, да ги има предвид сите олеснителни околности, особено доблеста што ја признаа вината за сторените дејствија. Претходно, обвинителката Лиле Стефанова пред судот ги претстави олеснителните и отежителните околности и посочи на ублажување и условување на казните. Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, додека, обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, и обвинетите кои признаа вина, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Илија Димовски, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Станко Коруновски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. Судењето за останатите обвинети во случајот кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март. ар/са/

Остани поврзан