• сабота, 23 ноември 2024

Пресудата за „Тврдина-Таргет" на 26 февруари

Пресудата за „Тврдина-Таргет
Скопје, 19 февруари 2021 (МИА) - Маратонското рочиште со завршните зборови за случајот „Тврдина-Таргет" заврши со излагањата на дел од обвинетите, поранешни вработени во УБК, кои според обвиненитето за масовното незаконско прислушување учествувале директно во незаконските дејствија со кои се прекршени основнте човеки слободи и права. Обвинетиот Васил Исаковски, вработен во 2012 во УБК, пред судот во своите заврши зборови се осврна во исказот даден од сведокот Звонко Костовски, кој го оцени како контрадикторен и неточен. Со цел да ги објасни околностите во однос на овој него став, обвинетито Исаковски се потсети на прашањато што го поставил на сведокот Костовски: „во вашата изјава велите дека сме изработувале некакви транскриптирања во ворд документ, па би сакал да ми кажете како ја утврдивте мојата поврзаност со тие документи, дали на нив стоеле мое име, потпис и слично". - Тој одговори „јас ги имав корисничките имињата на сите репродуцери, меѓу нив и на Васил, односно на вас, значи од системите можев да утврдам од каде, односно од кој компјутер се логира овој корисник. А јас точно ја знаев и локацијата на сите компјутери кои што имаа инсталирано Најс апликација. На списокот со кориснички имиња и пасворди што им ги предадов на Горан Грујевски, кажуваше ова корисничко име ќе биде за Васе, ова Марјан, за Наташа итн. Со оглед на транскриптите кој корисник се логирал на тој компјутер знаев од кој корисник потекнува ворд документот, иако немало име и презиме на изработувачот на документот", наведе обвинетиот Исаковски, кој додаде дека овие тврдења не се точни и се контрадикторни со претходните изјави дека немал увид во работните задачи на Васил Исаковски. - Јас никогаш не сум работел во системите за следење на комуникациите и не знам како изгледат тие системи. Најодговорно тврдам дека никогаш не сум имал задолжен компјутер, ниту на мое име, ниту на одделение во кое што имало инсталирано апликација за следење на комуникација, истакна обвинетиот Исаковски. Од друга страна обвинетата Валентина Симоновска, рече дека од почетокот на нејзиното вработување и била забрането да контактира со други лица, колеги од УБК и од кругот на МВР, т.е.  лица кои не работат во Одделот за оперативна техника, за да не го откријат идентитетот каде што работат. Ова правило како што истакна продолжило и во време кога началник бил Горан Грујевски. - До јули 2012 година јас ја заведува целокупната пошта изготвена во рамките на ООТ на сите сектори, односно единици на ООТ, освен на Секторот за наблудување и документирање. Од 2012 единиците во рамките ООТ сами си ги заведува нивните акти изработени во рамките на единицата. Но, понекогаш некои акти ми беа дадени мене јас да ги заведувам без да бидат заведени во нивните едници и потпишани од нивните началници, туку тие акти беа потпишани од самите работници изготвувачи на акти. Ова го кажувам во конктекст на тврдењето на Сашо Трајковски, дека актите изработени во единицата морале да поминат преку Звонко Костовски, рече обвинетата Симоновска. Претходно во текот на денешниот ден адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, бранителот Миле Петровски, истакна дека теоријата на обвинителството во случајот „Тврдина-Таргет”, против неговиот клиент, е само теорија заснована на недокажани претпоставки. Сличен став имаше и обвинетито Тони Јакимовски (поранешен шеф на кабинет на директорот на УБК, Сашо Мијалков), кој посочи дека обвинението е неосновано, конфузно и не е поврзано. Воедно, тој додаде дека обвинението не е поткрепено со вистински докази, кои би го потврдиле кривичното дело кое му се става на товар и не може да истрпи елементарна правна критика, а не пак осудителна. Обинението неприфатливо беше и за обвинетата Гордана Јанкуловска, која во своите заврши зборови денеска, рече значајно е да се направи разграничување што се случувало пред да биде изготвено и доставено на потпис решението за формирање на Комисија за ништење на системите за прислушување. Следното и последно рочиште во Кривичниот суд Скопје, за овој случај е закажано за 26 февруари кога и е најавено дека ќе се соопшти пресудата против обвинетите, меѓу кои и за Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои се во бегство. Судењето за овој предмет го водеа судиите Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека како застапниците на обвинението од првото рочиште на 22 декември 2017 година до сега беа јавните обвинители Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. оџ/дма/

Остани поврзан