• среда, 27 ноември 2024

Престрелка меѓу граничарите на границата на Киргистан и Таџикистан

Престрелка меѓу граничарите на границата на Киргистан и Таџикистан
Бишкек, 3 јуни 2022 (МИА) - На границата на Киргистан и Таџикистан имаше престрелка меѓу граничарите и има повредени на двете страни, соопштија денеска киргистанските власти. „Пукањето заврши во 14:15 часот на 3 јуни 2022 година, со ранети од двете страни“, соопшти киргистанскиот Национален совет за безбедност. „Игнорирајќи ги законските барања за напуштање на територијата на Киргистанската Република, таџикистанските граничари отворија оган врз киргистанскиот воен персонал“, се наведува во соопштението и се додава дека „таџикистанската страна користела гранати“. Таџикистан се уште не се огласи за инцидентот. Двете земји редовно се судираат во пограничната област поради снабдувањето со вода и територија, а често се вклучени и граничарите. Речиси половина од 970-те километри на границата меѓу двете земји се доведени во прашање, а напредокот во разграничувањето е бавен. Минатата година избувнаа големи судири во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. паг/  

Остани поврзан