• петок, 27 декември 2024

Прес-конференција на министрите Османи, Захариева и Мас (во живо)

Прес-конференција на министрите Османи, Захариева и Мас (во живо)
Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) - ВО ЖИВО - Прес - конференција на министрите за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, на Бугарија Екатерина Захариева и на Германија Хајко Мас во рамки на Берлинскиот процес. Шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева денеска копретседаваат со состанокот на министрите за надворешни работи од Берлинскиот процес за Западен Балкан, во рамки на копретседавањето на процесот од страна на Северна Македонија и Бугарија. Средбата на шефовите на дипломатиите претходи на средбата на врвот на процесот утре во Софија, на кој ќе бидат лансирани новиот Акциски план за воспоставување Заеднички регионален пазар и Зелената агенда за Западен Балкан, кои беа подготвени под водство на Европската комисија и Советот за регионална соработка Поради ситуацијата со Ковид-19, средбата на министрите за надворешни работи е организирана преку видеоконференциска врска, чиј домаќин е бугарското МНР. Берлинскиот процес е политичко-дипломатска иницијатива, која почна во август 2014 година од страна на германската канцеларка Ангела Меркел. Учесниците во процесот се земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, а нејзини коспонзори и поддржувачи се неколку земји членки на ЕУ како Германија, Франција, Австрија, Италија, Велика Британија, Полска, Грција, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Остани поврзан