• четврток, 19 декември 2024

Прес-конференција на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ за постапките на ЈО

Прес-конференција на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ за постапките на ЈО
Скопје, 31 мај 2020 Зоран Заев и ЈО директно го штитат осомничениот за криминал Ден Дончев кој незаконски се стекнал со над 100.000 евра во два наврати. Медиумите објавија аргументи и докази кои индицираат на криминал кои сите го гледаат, само обвинителите од јавното обвинителство кои што се задолжени за гонење на криминал молчат. Јавното обвинителство молчи и со тоа директно го крие и го помага криминалот на Ден Дончев. Постапките на Јавното обвинителство се дрски и директно ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. ЈО со своето не делување и непостапување дозволило Дончев во 2018 година незаконски да се стекне со 50.000 евра без за тоа да биде повикан барем на распит. На Дончев му биле префрлени 50.000 евра од муртинската Ремаркет на име консултантски услуги иако истиот немал право да врши таков вид на дејност додека директорувал со ФЗОМ. Дончев директно го прекршил член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и за тоа поминал неказнет. Ова е срам за ЈО! Не делувањето во 2018 година му овозможило на Дончев да помине неказнет и да го стори истото дело и во 2019 година кога од страна на истата фирма од Муртино Ремаркет му биле префрлени 80.000 австралиски долари. ЈО кое според новата кривична постапка е главен орган во истата не преземало буквално никакви дејствија. Целосна угушеност на постапките против Дончев имаме и од државните институции под контрола на Зоран Заев како Управата за финансиско разузнавање, Финансиската полиција и УЈП. До кога институциите ќе го штитат и нема да преземат ништо против криминалецот Ден Дончев? Со СДСМ на власт имаме само Рекет, криминал и корупција. Криминалците наместо на истражна клупа или во затвор, завршуваат со стотици илјади евра во џеб без притоа барем да бидат прашани како се стекнале со истите. Македонија не може да продолжи по патот на криминал на Зоран Заев. Потребна е итна стратегија за излез од криминалната жабокречина. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија. Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан