• недела, 28 јули 2024

Прес-конференција за претставата „Хеда Габлер“ во Драмски театар Скопје

Прес-конференција за претставата „Хеда Габлер“ во Драмски театар Скопје

Скопје, 17 април 2024 (МИА) – Во Драмскиот театар Скопје денеска ќе се одржи прес-конференција за премиерата на претставата „Хеда Габлер“.

На прес-конференцијата ќе говорат дел од екипата, како и режисерот Васил Христов.

Премиерата на претставата е на 20 април, со почеток од 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар - Скопје.

Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг- Дениз Абдула и ликовите на Госпоѓа Елвстед и Јулијана Тесман ги игра Сара Климоска. ра/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан