• недела, 24 ноември 2024

Преполовен профитот на Голдман Сакс поради издвоените резерви за покривање кредити

Преполовен профитот на Голдман Сакс поради издвоените резерви за покривање кредити
Њујорк, 15 април 2020 (МИА) - Групацијата Голдман Сакс денеска соопшти за пад од 49 проценти во нејзината квартална добивка, бидејќи банката издвои речиси една милијарда американски долари за да ги покрие идните доцнења на клиентите со отплата на кредитите и загубите на своите должнички хартии од вредност и капитални инвестиции. Нето профитот на банката падна на 1,12 милијарди американски долари во кварталот кој заврши на 31 март, што е намалување од 2,18 милијарди американски долари во истиот квартал лани. Заработката по акција падна на 3,11 долари од нивото од 5,71 долар од првиот квартал на 2019 година. - На нашата квартална профитабилност неизбежно влијаеше нарушувањето на економијата, рече главниот извршен директор на Голдман, Дејвид Соломон, алудирајќи на мерките воведени за спречување на пандемијата на коронавирус. паг/

Остани поврзан