• четврток, 26 декември 2024

Пренатрупани мигрантските центри на Лампедуза

Пренатрупани мигрантските центри на Лампедуза
Рим, 21 август 2020 (МИА) - На италијанскиот остров Лампедуза синоќа пристигнаа 270 мигранти со што вкупниот број се искачи на 1.400 лица, соопштија италијанските власти. Според италијанската новинска агенција АНСА, синоќа на Лампедуза пристигнале пет пловила со различна големина, на кои имало мигранти од Тунис, Либија и земјите од потсахарска Африка. Додека во текот на вчерашниот ден пристигнале шест бродови со 250 мигранти на Лампедуза, каде со недели се пренатрупани прифатните центри. Лампедуза се наоѓа јужно од Сицилија и претставува клучна точка во мигрантската рута што ја поврзува северна Африка и Европа. ми/

Остани поврзан