• среда, 25 декември 2024

Премногу пробиотици не се здрави за телото

Премногу пробиотици не се здрави за телото

Августа, 11 јyли 2024 (МИА) - Од рамнотежа на бактериите во цревата до одржување стабилна телесна тежина, придобивките од пробиотиците и нивната поврзаност со здравјето на системот за варење се наметнуваат со години. Нови наоди, сепак, покажуваат дека премногу пробиотици може да предизвикаат непријатности.

Имено, прекумерната употреба на добри бактерии може да резултира со наталожување такви бактерии во тенкото црево. Тоа потоа е причинител на дезориентација, надуеност и болки во стомакот. Во неодамна објавено испитување на Медицинскиот факултет на Џорџија при Универзитетот во Августа што опфатило 300 пациенти кои земале пробиотици, 122 лица пријавиле надуеност, проблеми како збунетост и со концентрирањето. Некои испитаници рекле дека нивната дезориентација и губење на когнитивните способности траеле од половина час до неколку часа после оброкот, и биле толку тешки што морале да си заминат од работа. 

- Истражувачите најдоа големи колонии на бактерии коишто се размножуваат во тенкото црево на пациентите, но и високи нивоа на Д-млечна киселина што се создава кога бактериите лактобацил ферментираат шеќери од храна, изјави д-р Сатиш Рао, стручњак за неврогастроентерологија.

Познато е дека Д-млечната киселина е штетна за мозочните клетки. Истражувачите откриле дека некои пациенти имаат два до три пати поголема количина на Д-млечна киселина во крвта.

Иако пробиотиците се повеќе од корисни во некои случаи, истражувачите советуваа да се внимава на можна прекумерна и неконтролирана употреба.

- Пробиотиците треба да се земаат како лек, а не како додаток во исхраната, истакнува д-р Рао.

Лекарот напомнува дека би било добро, наместо капсули со чисти пробиотици, да се користат и намирници коишто имаат пробиотик-ефект, како што се темното чоколадо, јогуртот, киселата зелка и, особено - кефирот.  си/

Фото: Фрипик

Остани поврзан