• сабота, 23 ноември 2024

Преминувањето гранични премини со Косово на едно место засега само одлука, допрва треба да се потпишува договорот

Преминувањето гранични премини со Косово на едно место засега само одлука, допрва треба да се потпишува договорот

Тетово, 5 јули 2023 (МИА) - За да сè поминува на граничен премин со Косово само на една контролна точка има само одлука, додека конечната имплементација ќе следи откако двете страни ќе потпишат договор, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е овластен од Владата за потпишувањето.

-Има три одлуки за заеднички премин или таканаречено Уан стоп. Еден за Србија, една со Албанија и сега донесовме вчера одлука, односно го прифативме договорот, усогласениот текст на договорот помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, за да имаме една точка на граничната контрола и на граничниот премин Блаце и на граничниот премин овде во Јажинце, изјави Спасовски.

Тој најави дека наредниот период ќе се организира и потпишување на договорот по што ќе се пристапи кон имплементација.

-Тоа ќе значи, имаме заедничка контрола на излез и заедничка контрола на влез да не чекаат граѓаните на две граници туку на едно место да бидеме да се заврши контролата и да едноставно имаме полесен начин на проток на патници, рече Спасовски. ас/мч/

 

Остани поврзан