• петок, 27 декември 2024

Премиер лигата може да продолжи на 12 јуни

Премиер лигата може да продолжи на 12 јуни
Лондон, 11 мај 2020 (МИА) – Фудбалскиот шампионат во Англија прекинат во март поради пандемијата на коронавирус, може да продолжи на 12 јуни. Британскиот премиер Борис Џонсон, денес во парламентот ќе презентира патоказ за излегување на земјата од карантин. Се очекува да се донесе одлука за продолжување на спортот, вклучително и фудбалот, следниот месец, доколку дозволи епидемиолошката состојба, пренесува „телеграф“. Рестартот на Премиер лигата е закажан за 12 јуни. Екипите ќе започнат со тренинзи од 18 мај. зс/

Остани поврзан