• вторник, 24 декември 2024

Премиерот Спасовски се сретна со бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Стојанов

Премиерот Спасовски се сретна со бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Стојанов
Скопје, 13 април 2020 (МИА) - Премиерот Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски денеска го посетија бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение - Велигден, што вчера го славеа граѓаните од католичка вероисповед. - Годинава се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски. Но, уверен сум дека од празникот со кој ја славиме победата над смртта сите ќе излеземе посилни и подобри, напиша вечерва на својот ФБ профил премиерот Спасовски. рп/дма/

Остани поврзан