• четврток, 26 декември 2024

Премиерот Петков е оптимист за пристапните преговори на С Македонија во ЕУ, очекува процесот да се забрза наредните недели

Премиерот Петков е оптимист за пристапните преговори на С Македонија во ЕУ, очекува процесот да се забрза наредните недели
Скопје, 28 март 2022 (МИА) - Премиерот Петков е оптимист за пристапните преговори на С Македонија во ЕУ, очекува процесот да се забрза наредните недели, било истакнато на прес-конференцијата по средбата во резиденцијата „Бојана“, на која се разговараше и за Република Северна Македонија. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.   На средбата на лидери на држави членки на НАТО од Југоисточна Европа во Софија денеска учествуваа премиерите на Бугарија, на Романија, на Република Северна Македонија и на Црна Гора, Кирил петков, Николае Чука, Димитар Ковачевски и Здравко Кривокапиќ. - Заедно со премиерот на Северна Македонија ние работиме напорно за преговорите за пристапување на Република Северна Македонија, изјави премиерот Кирил Петков. Работиме со многу фокусирани рокови и со поставени цели, додаде тој. За Северна Македонија има место во европското семејство колку може побргу и нашата Влада е ангажирана да се постигне тој резултат што е можно побрзо. Има неколку етапни цели што треба да ги расчистиме, вклучувајќи и заштита на правата на малцинствата. Работиме во ресна координација со европските партнери, кои во многу случаи служат како трета страна во процесотна преговорите и чекаме конкретна формулација, да се вметне во договорот за преговори, рекол Кирил Петков. Нашите односи се исклучително многу подобрени во последните три месеци, токму затоа што многу разговараме, додаде тој во разговорите со премиерот на Северна Македонија.

Имаме заедничка цел и во актуелната криза со војната во Украина. Западен Балкан треба да тргне по патот на приклучување кон ЕУ, рече Петков. Тој процес за Република Северна Македонија и за Албанија треба да започне. Очекувам во следните неколку недели тој процес да се забрза.

Што се однесува до билатералните средби меѓу одделни министри, ќе потпишеме дополнителни меморандуми, а слушам и добри вести од историската комисија, така што некои од прашањата кои изгледаа многу тешки за да се надминат, сега изгледааат многу реални за решавање.

Сакам јасно да кажам дека имам намера брзо да се движам напред и сум оптимист дека ќе го постигнеме сето она што го планиравме со Димитар Ковачевски, рече Кирил Петков. _________________________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан