• недела, 24 ноември 2024

Премиерот на Јапонија во посета на Виетнам и Индонезија

Премиерот на Јапонија во посета на Виетнам и Индонезија
Токио, 17 октомври 2020 (МИА) – Новиот јапонски премиер Јошихиде Суга денеска отпатува во Виетнам и Индонезија, во прва официјална посета на странска земја откако ја презеде функцијата од Шинѕо Абе. Суга се очекува да потпише билатерален договор со Виетнам за одбранбена опрема и трансфер на технологија, во рамките на напорите на Токио да промовира извоз на јапонска воена опрема. Тоа е знак дека Суга е решен да ги следи чекорите на Абе во дипломатијата. Одлуката за посета на Југоисточна Азија укажува на напорите на Јапонија да се спротивстави на влијанието на Кина и да се изградат посилни економски и одбранбени врски во регионот, што во голема мерка е во согласност со визијата на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, коментираат светските медиуми. јт/

Остани поврзан