• сабота, 23 ноември 2024

Премиерот на Сингапур се повлекува на 15 мај кога власта ќе му ја предаде на својот заменик

Премиерот на Сингапур се повлекува на 15 мај кога власта ќе му ја предаде на својот заменик

Сингапур, 15 април 2024 (МИА) - Сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг денеска соопшти дека на 15 мај се повлекува од функцијата, како што претходно имаше и најавено, и дека власта ќе му ја предаде на неговиот заменик и актуелен министер за финансии Лоренс Вонг, соопшти владината канцеларија.

Во соопштението се додава дека Вонг, кој има едногласна поддршка од пратениците од владејачката Партија за народна акција (ПАП) во парламентот на оваа островска град-држава, ќе положи заклетва истиот ден.

Ли Хсиен Лунг е премиер на Сингапур и претседател на ПАП од август 2004 година.

Тој во ноември минатата година објави дека ќе се повлече и го именуваше Вонг за негов наследник. Ли претходно планираше да се пензионира, но мораше да го одложи тогаш поради пандемијата со Ковид-19.

Ли изјави дека повеќе нема причина да се одложува предавањето на власта и дека инаугурацијата на Вонг за премиер пред националните избори следната година ќе му овозможи да го добие својот мандат.

Ли е најстариот син на Ли Куан Ју, кој беше првиот премиер на Сингапур и кој во своето 31-годишно владеење го изгради градот-држава, со сиромашни ресурси, во една од најбогатите нации во светот. Но, од друга страна, сингапурските власти, исто така, се критикувани за строгата медиумска цензура и употребата на угнетувачки закони и судски тужби против критичарите.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан