• вторник, 24 декември 2024

Премиерот на Мали разрешен откако ja критикуваше воената власт

Премиерот на Мали разрешен откако ja критикуваше воената власт

Бамато, 21 ноември 2024 (МИА) – Премиерот на Мали Чогел Кокала Маига е разрешен откако го критикуваше начинот на кој воените власти се справуваат со транзицијата кон цивилно владеење.

Генералниот секретар на претседателскиот кабинет, Алфусејни Диавара, синоќа ја објави одлуката на националната телевизија, наведувајќи дека „должностите на премиерот и на членовите на владата се прекинати“.

Потегот доаѓа по изјавите на Маига на митингот во Бамако во саботата, кога тој ја обвини хунтата за еднострано и неодредено одложување на процесот на транзиција што првично требаше да почне на 26 март.

Маига, исто така, изрази фрустрација поради недостигот на дебата за ова прашање, тврдејќи дека е оставен да се потпира на медиумските извештаи за да се информира, пренесе ДПА.

Додека воениот водач Асими Гоита претходно вети дека изборите ќе се одржат во февруари, тие планови оттогаш беа одложени „од технички причини“ без да се обезбеди нова временска рамка.

Гоита беше меѓу бунтовниците што ја соборија владата во 2020 година, а потоа стана привремен претседател по друг државен удар во 2021 година. Потоа објави 24-месечен распоред за транзиција, почнувајќи од март 2022 година за враќање на Мали во цивилна управа.

Владата допрва треба да објави кој ќе го замени Маига на премиерската функција. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан