• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Премиерот на Косово изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Премиерот на Косово изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Приштина, 16 март 2025 (МИА) – Со длабока тага дознав за катастрофалната загуба на 51 живот во Кочани, Северна Македонија, како последица на трагична експлозија на пожар во ноќен клуб, напиша на Х премиерот на Косово Албин Курти.

Тој изрази длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, како и до лидерите и владата на Република Северна Македонија и на целата земја во ова време на тага.

На повредените им посака брзо и целосно закрепнување. јт/

Остани поврзан