• петок, 27 декември 2024

Премиерот Мицкоски во теренска посета на Охрид

Премиерот Мицкоски во теренска посета на Охрид

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе биде во теренска посета на Општина Охрид, каде ќе изврши увид во градба на постоечки и ќе го одбележи почетокот на градба на повеќе други проекти.

Како што соопштија од владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на спортска сала во село Лескоец, Општина Охрид, каде после 30 години, во склоп на ОУ „Ванчо Николески“ започнува изградба на спортска сала со обем од 592 м2, а ќе вклучува повеќенаменско спортско игралиште.

Најавен е и увид од страна на премиерот Мицкоски во градежни активности при реконструкција на ул. „ 7-ми Ноември“, на влезот во Битола. Овој проект опфаќа реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри. Вкупната вкупна вредност е над 43 милиони денари.

Премиерот Мицкоски ќе присуствува и на пуштање во употреба на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта, ќе изврши увид на состојбата на затворениот базен во Општина Охрид. цр/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан