• петок, 27 декември 2024

Премиерот Ковачевски на средба со лидерите од владината коалиција

Премиерот Ковачевски на средба со лидерите од владината коалиција

Скопје, 19 мај 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе одржи редовна средба со лидерите од владината коалиција на која ќе ги информира за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат. 

Во пресрет на средбата Централниот одбор на СДСМ синоќа ги повика сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат. 

ЦО на седницата донел заклучок дека како одговорна и државотворна партија се што е до СДСМ ќе биде направено за да продолжи напредокот кон ЕУ и го задолжил Ковачевски да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори, за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат, информираше портпаролката Богданка Кузеска, потенцирајќи дека членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именуван носители на јавни функции од СДСМ, се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот.

Ковачевски во обраќање  Централен одбор порача дека од национален, регионален и глобален контекст е значајно продолжувањето на европскиот пат на земјата и ги потенцираше ризиците за иднината на земјата доколку не продолжат евро-интеграциите.

-Можеби ВМРО ДПМНЕ ќе соберат капацитет за да можат да го согледаат сето ова како целина. Иако, до денес како дел од анти европскиот блок предводен од проруската Левица и со константно блокирање, јасно е како е позиционирана оваа партија. Но од друга страна, јасно е дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, пратеници, претставници на раководството кои не мислат како Мицкоски и кои искрено, од срце сакаат земјава да го продолжи патот кон ЕУ. Сакаат да бидат дел од проевропскиот блок. И тие поединци мислам дека многу брзо ќе го остават Мицковски на последната станица и ќе продолжат на возот кон Европа. СДСМ е предводник на овој европски концепт за европска иднина. И тоа така ќе биде. Или ВМРО ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови. Во секој случај, возот е тргнат и враќање назад нема.  Сум го кажал ова, и ќе го кажам пак, Северна Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел - полноправно членство во ЕУ, рече Ковачевски.

Средбата на Ковачевски со партнерите од владејачката коалиција ќе се одржи во Клубот на пратеници, а по нејзиното завршување се предвидени изјави за медиуми, најави владината служба за информирање.лв/ац/

 

 

Остани поврзан