• недела, 24 ноември 2024

Премиерот Ковачевски на Безбедносниот форум на Глобсек 2023 во Братислава

Премиерот Ковачевски на Безбедносниот форум на Глобсек 2023 во Братислава

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум на Глобсек 2023 во Братислава.

На Форумот, учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, како и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации.

Во фокус на дискусиите на претстојниот Форум, како што соопштија од владината прес-служба, учесниците ќе се фокусираат на три теми - натамошната поддршка за Украина, отпорноста на Европа наспроти војната, како и ублажувањето на глобалните последици од конфликтот преку зајакнување на економските и енергетските врски.

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на панел сесија на тема „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“. На панелот, во фокус на дискусиите ќе биде регионалната соработка, интеграцијата на регионот во ЕУ и предизвиците за Европа од војната во Украина.

Во рамки на агендата, Ковачевски ќе одржи билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон, со специјалниот претставник на ЕУ задолжен за дијалогот Белград - Приштина, Мирослав Лајчак, како и со други учесници на Форумот.

Безбедносниот форум на Глобсек е етаблиран како најистакната платформа низ регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Годинашното 18 издание на Форумот, се наведува во соопштението, има за цел да го потсети светот дека овој регион никогаш не бил поклучен во обезбедување на глобалната стабилност.цр/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан