• четврток, 26 декември 2024

Премиерот Зоран Заев ја посети детската градинка во Прдејци

Премиерот Зоран Заев ја посети детската градинка во Прдејци
Гевгелија,7 февруари 2021(МИА) - Премиерот Зоран Заев, за време на денешниот работен престој во Гевгелија, во придружба на градоначалникот Сашо Поцков, ја посети детската градинка во село Прдејци која наскоро ќе згрижува 20 дечиња и за чија изградба владата издвои 13 милиони денари од пренаменетите средства на ТАВ. -На покана од градоначалникот Сашо Поцков, денес сме во Прдејци, а поводот е навистина за поздравување бидејќи со новата градинка во ова населено место им се излезе во пресрет на барањата на родителите за згрижување на нивните деца во местото на живеење. Како влада ги подржуваме иницијативите за проширување на капацитетите и подобрување на условите во установите за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, не само во општинските центри, туку и во другите наелени места како што е случајот во Прдејци, изјави премиерот Заев. Градоначалникот Поцков рече дека за градинката во Прдејци, која наскоро ќе проработи, од општинскиот буџет до сега биле издвоени околу шест милиони денари и најави дека годинава во Прдејци, со финасиска подршка од владата, ќе се реализира и проектот за реконструкција и уредување на Домот на културата кој е од големо значење за населеното место. им/ки

Остани поврзан