• четврток, 26 декември 2024

Премиерот Заев во Софија ќе учествува на Самитот за Западен Балкан

Премиерот Заев во Софија ќе учествува на Самитот за Западен Балкан

Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) - Премиерот Зоран Заев утре ќе престојува во Софија, каде ќе учествува на Самитот за Западен Балкан, што се организира во рамки на Берлинскиот процес со кој копретседаваат Северна Македонија и Бугарија, потврдија за МИА од Владата. На Самитот ќе учествуваат лидерите на земјите од Западниот Балкан, шефови на држави или влади на членките на ЕУ, меѓу кои и бугарскиот премиер Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел, како иницијатор на Берлинскиот процес, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Предвидено е земјите од Западен Балкан на Самитот да усвојат Акциски план за Заеднички регионален пазар. сп/

Остани поврзан