• среда, 18 декември 2024

Премиера на претставата „Секогаш последни“

Премиера на претставата „Секогаш последни“

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Во Домот за култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода во Скопје вечер ќе се одржи премиера на претставата „Секогаш последни“, која е продуцирана од „Скоро театар“ - Скопје, со поддршка на „Златен заб“.

Претставата ја играат, режираат и креираат Виктор Бужаров и Жарко Јовановиќ.

Како што соопштија од „Скоро театар“, Виктор и Жарко ќе го играат напишаниот текст од првично планираната дистописка претстава, но ќе вклучат и интеракција со публика, технологија и вештачка интелигенција.

Претставата е реализирана преку резиденцијална мобилност поддржана од Гете Институт и Министерство за култура и туризам. Инспирирана е од пристапот на работа на чешкот театролог, Иван Вискочил.бт/хс/ 

Фото: плакат

 

 

Остани поврзан