• четврток, 26 декември 2024

Премиера на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ во Штип

Премиера на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ во Штип
Скопје, 6 ноември 2021 (МИА) - Во Домот на млади во Штип денеска премиерно ќе биде изведена  театарската претставата „Самоубиство во самоодбрана“, работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски. „Самоубиство во самоодбрана“ е драма која зборува за животот, човештвото, љубовта и стравовите. Основната линија на дејствието се одвива на железничката станица каде што Веселин го чека возот под кој сака да се фрли. Тука, навидум случајно, се сретнува со самопрогласениот поет Горјан, и транс-жената Ева. Оваа линија е испреплетена со сеќавања од неговото минато од кои ја дознаваме причината за неговото доаѓање до оваа крајна станица. Картите се отвораат, маските паѓаат, вистината излегува на виделина. Сценографијата на претставата е дело на Ристе Мицевски. Улогите ги играат актери од ансамблот на Алтернативен Театар „Отпишани“ – Скопје: Петра Ивановска – во улога на Александра, Марјан Анѓеловски – во улога на Веселин, Јасмин Рамани – во улога на Горјан и Огнен Велевски – во улога на Ева. Претставата е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година.свс/лв/

Остани поврзан