• среда, 18 декември 2024

Премиера на монодрамата „Пингвинот“ 

Премиера на монодрамата „Пингвинот“ 

Скопје, 9 јули 2023 (МИА) - Во мултимедијалниот простор „Кафе и филм Котур“ вечер премиерно ќе биде изведена монодрамата „Пингвинот“. Станува збор за авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, работен според текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог.

Концептот и режијата се на Стојаноска, а игра Поповиќ. Претставата е во продукција на театар „Златен Елец“ Скопје.

-„Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, текстови на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сеуште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје, се наведува во најавата. мч/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан