• недела, 17 ноември 2024

Премиера на краткометражниот филм „Синиот час“ на Синедејс

Премиера на краткометражниот филм „Синиот час“ на Синедејс

Скопје, 13 јули 2022 (МИА) - Во рамки на фестивалот на европски филм „Синедејс“ вечерва во МКЦ парк кино ќе се одржи премиера на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска.

„Синиот час” е копродукција на Кавал филм од Скопје со Круг филм и Филмс за нас. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм. Улогите ги толкуваат Наташа Петровиќ, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф - Симо Бранов, монтажер - Горјан Атанасов, дизајнер на звук - Игор Поповски, композитор - Тони Китановски, костимограф - Жаклина Крстевска и шминкер - Жанета Димитриевска. Продуцент е Роберт Јазаџиски, а копродуценти се Дејан Крајчевски и Павлина Проевска. ки/бак/

Остани поврзан