• недела, 17 ноември 2024

Премиера на краткометражниот филм „Досие иднина“ вечер на „Синедејс“

Премиера на краткометражниот филм „Досие иднина“ вечер на „Синедејс“

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) - Дебитантскиот краткометражен филм „Досие иднина“ во режија на Гоце Трајковски вечерва премиерно ќе биде прикажан на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.  

Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематограф е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајчевска.

Во филмот главната улога ја игра смртта. Вообличена во убава млада жена, смртта влегува во животот на еден брачен пар, создавајќи љубовен триаголник.  

Филмот е во продукција на „Слобода филм“ - Скопје. мд/бак/

Остани поврзан