Преку форуми во заедницата до унапредување на системот за противпожарна заштита во Берово
- -Како најприоритетен проект беше избран проектот за набавка на навално противпожарно возило, за шумски пожари. Во рамки на листата на предложени проекти Набавка на навално противпожарно возило за шумски пожари беше прв проект посочен како приоритет. Потоа имаше предлози за реконструкција на кајакарски клуб на Беровско езеро, изградба на мултифункционален центар – кино сала, по фази, реконструкција на игралиштето кај стара гимназија (монтажни трибини кај стара гимназија, широко појасен интернет, смарт клупи, специјални светилки за заштита од инсекти), како и градба на инклузивни игралишта, информираа од Општината.
Берово, 18 ноември 2024 (МИА) - Набавка на навално противпожарно возило за шумски пожари е проектот кој беше предложен како најприоритетен на втората форумска сесија која вечерва се одржа во Берово. Во рамки на втората форумска сесија, граѓаните на Берово гласаа за неколку приоритетни проекти за реализација во Буџетот на Општина Берово за 2025 година.
-Како најприоритетен проект беше избран проектот за набавка на навално противпожарно возило, за шумски пожари. Во рамки на листата на предложени проекти Набавка на навално противпожарно возило за шумски пожари беше прв проект посочен како приоритет. Потоа имаше предлози за реконструкција на кајакарски клуб на Беровско езеро, изградба на мултифункционален центар – кино сала, по фази, реконструкција на игралиштето кај стара гимназија (монтажни трибини кај стара гимназија, широко појасен интернет, смарт клупи, специјални светилки за заштита од инсекти), како и градба на инклузивни игралишта, информираа од Општината.
Во периодот што следи како што додаде градоначалникот Звонко Пекевски кој исто така учествуваше на сесијата потребно проектот да влезе во соодветна програма и да биде предвидена финансиска конструкција, во Буџетот на Општина Берово за 2025 година.
-Им благодариме на сите граѓани на Општина Берово, кои што одвоија од своето време и беа дел од буџетскиот процес, за креирање на Буџетот на Општина Берово, за 2025 година, додаде Пекевски.
Програмата „Форуми во заедницата е проект, што обезбедува партиципативна платформа за развој, чија цел е промовирање и унапредување на доброто владеење и демократија на локално ниво, преку давање поддршка на локалните власти и администрацијата, во зголемувањето на нивната транспарентност и отчетност кон заедницата, и овозможување активно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки во нивната општина. вс/аа/
Фото: МИА