• петок, 27 декември 2024

Преку проект на УСАИД поддршка за развој на инвестиции во енергетски проекти

Преку проект на УСАИД поддршка за развој на инвестиции во енергетски проекти

Скопје, 3 март 2023 (МИА) - Преку проект на УСАИД за развој на инвестиции во енергетски проекти ќе се овозможи клучна поддршка за државава за обезбедување  енергетска сигурност, за енергетската транзиција и за градење одржлив енергетски сектор. 

Виктор Андонов, соработник за енергетика во Владата Виктор Андонов на тркалезна маса во организација на УСАИД на тема „Инвестиции во развивање на енергетски средства - инвестиции во енергија“ на којашто се дискутираше за инвестицискиот проект на УСАИД укажа дека глобалната криза нé принуди да ги поставиме енергетските приоритети највисоко на агендата, енергетската транзиција, енергетската независност и диверзификација во снабдувањето со енергенсите. Тоа, потенцираше, се воедно и столбовите на долгорочна одржлива економија, која за граѓаните ќе донесе повисок животен стандард, а за компаниите поголема конкурентност на пазарите, ликвидност и раст.

-Инвестирањето во енергетска инфраструктура и диверзификацијата на енергетските ресурси и рутите на снабдување е од исклучителна важност за енергетската сигурност на Република Северна Македонија. Тоа е нотирано и во нашите стратешки документи и планови кои предвидуваат енергетска транзиција и декарбонизација на нашата економија. Република Северна Македонија прва во регионот донесе Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година базирана на европскиот зелен договор, со која јасно е дефинирана нашата определба за инвестиции во чиста енергија, но и зголемување на сигурноста на нашите енергетски системи. Први го изработивме и донесовме и Националниот план за енергија и клима во кој е потврдена и разработена во детали Стратегијата за развој на енергија, рече Андонов.Европската Унија донесе план „RePowerEU“ со кој се испратија јасни сигнали дека единствена опција за градење одржлива економија е енергетска транзиција и зголемено инвестирање во обновливи извори на енергија, како и зголемено инвестирање во енергетска ефикасност.- Енергетската транзиција е веќе реалност и таа се случува. За само една година, во 2022 година Регулаторната комисија за енергетика издала лиценци за 152 мегавати нови објекти за производство на електрична енергија и тоа сите од обновливи извори на енергија, мали хидроелектрани, фотонапонски електрани, ветерни електрани и електрани на биогас. Иднината на нашата енергетска транзиција е производството на чиста зелена енергија од нашите природни потенцијали, сонцето, ветерот и водата, истакна Андонов.Како што информира владината прес-служба, Андонов нагласи дека проектот на УСАИД за развој на инвестиции во енергетски проекти доаѓа во вистинскиот момент за нашата држава и оти ќе овозможи клучна поддршка со цел обезбедување на нашата енергетска сигурност, како и поддршка за македонската енергетска транзиција и градење на одржлив енергетски сектор.

- УСАИД и во минатото, а и сега се покажа како еден од нашите најголеми партнери во спроведување на енергетската стратегија која ќе овозможи економски напредок за државата и граѓаните, рече Андонов. лв/сп/

Остани поврзан