• сабота, 23 ноември 2024

Преку проектна активност 17 возрасни Роми стекнаа основно образование во Тетово

Преку проектна активност 17 возрасни Роми стекнаа основно образование во Тетово

Тетово, 20 декември 2023 (МИА) - Општина Тетово информираше дека денес се доделени 17 свидетелства на лица од ромската заедница кои досега немале завршено основно образование. Стекнувањето на образование на овие луѓе е дел од проект е финансиран од Институтот за ромски истражувања, Европскиот совет и спроведено од Проектната единица на ромската заедница која работи во рамките на Општина Тетово.

- Целта на овој проект беше лицата да се стекнат со потврда за завршено основно образование, за да можат да продолжат со средно образование. На овој начин не само што се развива образованието, туку истовремено се отвораат врати за нови вработувања. Заедно ќе работиме ромската заедница да се развива секој ден се повеќе и повеќе, информираа од Општина Тетово.

Дел од активностите на Проектната единица на ромската заедница која работи во рамките на Општина Тетово беше и реконструкцијата на улицата „Јадранска“ којашто е завршена па денес беше промовирана до страна на градоначалникот. Воедно се работи и на обнова на улицата „Прохор Пчински“. ас/ир

Фото: Општина Тетово

Остани поврзан