• вторник, 24 декември 2024

Прекин на струја во неколку руски села по напад од украински дрон

Прекин на струја во неколку руски села по напад од украински дрон

Москва, 26 септември 2023 (МИА) - Најмалку седум села во руската погранична област Курск останаа без електрична енергија по напад од украински дрон врз дел од локалната електрична инфраструктура.

Дрон фрли експлозивна направа врз трансформаторска станица во руското село Снагост, на околу 15 километри од украинската граница, објави регионалниот гувернер Роман Старовојт. Во утринскиот напад, според него, нема повредени.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) го потврди нападот со беспилотно летало.

-Русите треба да бидат свесни дека ако продолжат да ги напаѓаат украинските енергетски капацитети, ќе добијат остар одговор, изјави претставник на домашното разузнавање на Украина, цитиран од агенциите.

Подоцна, од минофрлачки оган делумно било прекинато снабдувањето со електрична енергија на друго село кое се наоѓа веднаш на границата.

Два камикази беспилотни летала беа соборени во пограничната област, додаде тој. СБУ не ги коментира двата напади. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан