• недела, 17 ноември 2024

Прекин на сообраќајот на улицата „Скопска“ во Кичево

Прекин на сообраќајот на улицата „Скопска“ во Кичево
Кичево, 17 јуни 2021 (МИА) - Улицата „Скопска“ во Кичево денеска од 8 до 14:30 часот ќе биде целосно затворена за сообраќај поради градежни активности.

Според директорот на јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Зенел Јонузи, прекинот е поради теренски активности на улицата со кои ќе се изврши целосна промена на водоводната мрежа и на фекалната и атмосферската канализација.

- Последните неколку години, комуналното претпријатие е целосно фокусирано на промена на  градската водоводна мрежа, фекалната и атмосферската канализација, како и на подобрување на квалитетот на водоснабдувањето на селата во општината. Пред неполн месец во селото Колибари е обезбедено квалитетно водоснабдување по период од 35 години, а летово ќе се работи и на поквалитетно водоснабдување во селото Тајмиште, изјави Јонузи. за/бак/

Остани поврзан