Прекин на сообраќајот на регионалниот пат од населба Чашка кон селата во општината
- Општина Чашка ги информира возачите дека поради градежни зафати на тунелот во населба Чашка денеска и утре сообраќајот на регионалниот пат кој поминува низ населба Чашка ќе биде во прекин.
![Прекин на сообраќајот на регионалниот пат од населба Чашка кон селата во општината](https://new.mia.mk/index.php/images/20230424193401_big_730x400_9.webp )
Велес, 25 април 2023 (МИА) - Општина Чашка ги информира возачите дека поради градежни зафати на тунелот во населба Чашка денеска и утре сообраќајот на регионалниот пат кој поминува низ населба Чашка ќе биде во прекин.
Како што информираат од општината прекинот ќе биде во периодот од 09 до 14 часот.ад/свс/