Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
- Дербито во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Работнички и МЗТ Скопје е прекинато на стартот на второто полувреме откако навивачките групи на двата тима фрлаа голем број петарди и чадни бомби на паркетот.
Скопје, 19 октомври 2024 (МИА) - Дербито во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Работнички и МЗТ Скопје е прекинато на стартот на второто полувреме откако навивачките групи на двата тима фрлаа голем број петарди и чадни бомби на паркетот.
Ова беше причина прво кошаркарите од Аеродром да се повлечат во соблекувалната, а потоа истото го сторија и домашните играчи.
Во еден момент реагираа и специјалните полициски сили, кои беа во салата.
Се очекува официјалните лица да донесат одлука за празнење на трибините, по што натпреварот би се доиграл без гледачи.
Во моментот на прекинот во 12. минута од средбата, МЗТ СКопје водеше со 30-13. дс
Фото: МИА