• четврток, 26 декември 2024

Прекин во водоснабдување за корисниците на неколку улици во Скопје поради уличен дефект

Прекин во водоснабдување за корисниците на неколку улици во Скопје поради уличен дефект

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека денеска поради дефект ф-100 мм на ул. „Рајко Жинзифов“ 18, ќе има прекинато водоснабдување за корисниците од ул. „Стефан Јакимов Дедов“, дел од „Рајко Жинзифов“ и дел од „Апостол Гусларот“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување санација на дефектот.

Поради дефект ф-150 мм на ул. „Самоилова“ бб, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат и корисниците од ул. „Самоилова“, „Банатска“ и „Јоаким Крчовски“. Прекинот на водоснабдувањето за корисниците од овие улици ќе биде од 9:10 часот до завршување санација на дефектот. цр/дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан