• вторник, 20 јануари 2026

Прекин во водоснабдувањето во село Копаница поради оштетена водоводна цевка

Прекин во водоснабдувањето во село Копаница поради оштетена водоводна цевка

Скопје, 8 јануари 2026 (МИА) – При изведување градежни активности од страна на приватна фирма, вечерва оштетена е водоводна цевка со пречник Ф150 во село Копаница, во делот под резервоарот, информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје.

Поради настанатиот дефект, водоснабдувањето е прекинато во 20:40 часот, а без вода се корисниците во село Копаница.

Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираат дека санацијата на дефектот е планирана за утре (9 јануари). дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан