• вторник, 24 декември 2024

Прекини на GPS услугите во Израел поради можен ирански напад

Прекини на GPS услугите во Израел поради можен ирански напад

Тел Авив, 4 август 2024 (МИА) - GPS услугите во голем дел од Израел се прекинати поради стравувања од ирански напад врз територијата на земјата, јави „Тајмс оф Израел“. Прекините се однесуваат не само на граничните области блиску до Либан, туку и на густо населените области во центарот на земјата.

Израел е во состојба на највисок степен на готовност поради заканите од Иран за одмазда за убиството на политичкиот лидер на палестинската групација Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран. Тројца неименувани американски и израелски функционери изјавија дека очекуваат Иран да го нападне Израел уште утре, пренесе американскиот портал „Аксиос".

Според медиумските извештаи, возачите во Израел забележале дека GPS координатите во нивните мобилни уреди почнале да покажуваат дека се наоѓаат во либанскиот главен град Бејрут.

Американскиот генерал Мајкл Ерик Курила, командант на Централното командување на САД, пристигна во Израел, што е индикација за можен претстоен напад од страна на Иран и сојузничките милиции во Блискиот Исток, наведува ДПА. ссм/

фото: принтскрин Тајмс оф Израел

Остани поврзан