• четврток, 26 декември 2024

Прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Струмица

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Струмица. 

- Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 08.02.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ10 честички е прекината во Струмица, стои во соопштението.

Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан