Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Пере Тошев“ и дел од „Клинска Леса“, општина Чаир
- ЈП Водовод и канализација-Скопје информира дека денеска поради дефект на приклучна цевка од Ф- 5/4мм на ул. „Клинска Леса“ 10 во населба Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Пере Тошев“ и дел од „Клинска Леса“.
Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - ЈП Водовод и канализација-Скопје информира дека денеска поради дефект на приклучна цевка од Ф- 5/4мм на ул. „Клинска Леса“ 10 во населба Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Пере Тошев“ и дел од „Клинска Леса“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 20:45 часот до санирање на дефектот. цр/са/
Фото: МИА архива