Прекинато водоснабдување на неколку скопски улици
- Поради дефект на затварач, денеска, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Бриселска“, „Његошева“, „Софиска“, „Стокхолмска“ и „Петар Драганов“.
![Прекинато водоснабдување на неколку скопски улици](https://new.mia.mk/index.php/images/20231102102247_big_730x400_21.webp )
Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Поради дефект на затварач, денеска, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Бриселска“, „Његошева“, „Софиска“, „Стокхолмска“ и „Петар Драганов“.
Прекинот со водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и Канализација - Скопје, ќе биде од 09:40 часот до отстранување на дефектот. љм/вг/
Фото: МИА архива