• среда, 25 декември 2024

Прекината седницата на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана

Прекината седницата на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана
Киев, 21 февруари 2022 (МИА) - Седницата на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) е одложена на неодредено време, изјави вечерва прес-секретарот на претседателот на Украина Сергеј Никифоров. -Тоа е како судски процес. Може да потрае и до два дена, рече Никифоров, цитиран од Украина-24. Претходно денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски, свика вонредна средба на Советот за национална безбедност и одбрана, на кој претставниците на безбедносниот и одбранбениот сектор беа сослушани за ситуацијата во Украина и нејзините државни граници. Според него, „државата ќе ги исполни сите свои обврски кон своите граѓани - жителите на привремено окупираните територии на регионите Доњецк и Луганск, кои ќе изразат желба да се преселат во делот контролиран од  Украина“. -Доколку е потребно, рече Никифоров, Украина е подготвена да ги прошири овие обврски. Претседателот Зеленски не го затвори состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана, а доколку има потреба, неговите членови веднаш ќе се состанат. -Доколку има потреба членовите под итно ќе се соберат на нова средба. Сите членови на Советот за национална безбедност и одбрана се на своето место. Советот е префрлен на режим на работа 24/7, рече Никифоров. сд/

Остани поврзан