• среда, 18 декември 2024

Прекината комисиска расправа за утврдување предлози за уставни судии

Прекината комисиска расправа за утврдување предлози за уставни судии
Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) - Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за утврдување на предлози за уставни судии, а по двочасовна дискусија седницата беше прекината. На почетокот на расправата пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски нагласи дека нема идеален начин како да бидат сигурни за најдобар можен избор на уставни судии што можат да го направат. Но, како што потсети, рејтингот за доверба во судството е осум отсто и нагласи оти ниту еден граѓанин во државава нема правна сигурност во системот. - Сите форми на проблеми по системот се рефлектираат во работата, односно неработата на судскиот систем, рече Јаревски, посочувајќи дека судството и правосудството, судовите, како и Уставниот суд заслужуваат одговори на многу прашања кои според него ги има се повеќе. Тој дополни дека доколку дозволат политизација на судството, наместо добивање квалитет, тие ќе бидат соучесници. - Доколку не се преземат чекори, подобрување во судството ќе нема, рече Јаревски. Според него, доколку имало можност на седницата да бидат присутни кандидатите, ќе имаа поквалитетна расправа. На седницата се расправаше за предлогот на мнозинството - Тања Васиќ Бозаџиева да биде избрана за уставен судија. Членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања досега го утврдија предлогот на владејачкото мнозинство Фатмир Скендер, актуелен судија во Апелацискиот суд Скопје, да биде избран за уставен судија. Одбиен е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Родна Живковска да биде избрана за уствен судија. мс/са/    

Остани поврзан