• сабота, 28 декември 2024

Презентиран Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 

Презентиран Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 
Скопје, 30 март 2021 (МИА)  Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на прес-конференција го презентираа Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија. Конкурсот е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) и е достапен на следниот линк https://mon.gov.mk/content/?id=3850, а од утре ќе биде објавен во печатените медиуми, на македонски и на албански јазик, во „Слободен печат“ и „Коха“. Премиерот Заев нагласи дека кампањатата „Учи паметно, работи стручно“ беше успешна и даде ефект и изрази благодарност до стопанските комори, до сите компании што ја поддржаа, до Швајцарската амбасада, Германија, УСАИД, УНДП… - Анализата на МОН, во која учествуваа 450 компании, покажа дека дури 85 отсто се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, нешто што е многу важно за создавањето на стручен и квалитетен кадар, рече Заев. Додаде дека заложбата и посветеносата на Владата е да ги развива зацртаните стратешки цели, меѓу кои се развојот на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните. Министерката Царовска нагласи дека првпат конкурсот е донесен во социјален дијалог со локалните самоуправи и со реалниот сектор и додаде дека и во иднина на тој начин треба да се креира уписната политика во средните училишта и во иднина. Таа потсети дека кампњата „Учи паметно, работи стручно“ се одвиваше низ 19 настани во разни општини и заедно со стопанските комори, локалните самоуправи и училиштата утврдиле кои се потребните профили што треба да се отворат во одредено училиште или кои треба да се стават во мирување. Царовска како придобивки од стручното образование ги истакна: брз и успешен настап на пазарот на труд на секој ученик што ќе заврши средно стручно образование, добра основа  за понатамошна високообразовна надградба, гарантирана добра заработка и финансиско осамостојување на младите кои побрзо можат да дојдат до работни места и компаниите добиваат подготвени и веднаш вработливи кадри. Посочи на политиката за стипендирање, која, како што рече, Владата ја донесе на претпоследната владина седница. - Со Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во 109 средни училишта предвидени се вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки. Од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралалеки, 9.261 ученик во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки за уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гиманзија, рече Царовска. Министерката Царовска нагласи дека фокусот е ставен на средното стручно образование, кое, како што рече, е образование на сегашноста и на иднината. Апелираше учениците да се запишат во средните стручни училишта. Царовска информира дека за да се мотовираат учениците да се запишат во средно стручно образование  се воведени и стипендии кои, како што рече, се со десеткратно зголемување во обем.1.500 ученици ако се запишат во паралелки за стручно образование со продолжено време поминато во практична настава во компании ќе добијат по 3.500 денари за 9 месеци или за една учебна година, 500 ученици кои се вклучени во прва година тригодишно образование исто ќе добиваат по 3.500 денари месечно. 200 ученици од прва година кои реализираат наставни програми во електротехничка струка, машинска, градежна, угостителска, ветеринарна, текстилна, кожарска ќе добиваат стипендија по 2.200 денари. Апелираше до учениците кои завршуваат основно образование или вкупно 19.389 ученици изборот за средно образование да го направат согласно своите афинитети, убедувања, интереси за одредена област и да имаат предвид колку одреден тип на образованието им нуди можност за вработување и безбедна и просперитетна иднина во нашата држава. Одговарајќи на новинарско прашање, министерката Царовска рече Владата и ресорното министерство се обидуваат преку сите механизми и алатки, како уписна политика, политика на стипендирање, подигање на јавната свест да работат на посочување на добрите работи на стручното образование или придобивките за учениците, родителите и државата. - Но, правото на избор е неприкосновено. Токму затоа само низ позитивни модели, низ позитивни пракси, преку презентација на работните места во компаниите кои се современи, со соодветни услови и добро платени работни места, сметам дека ќе постигнеме исчекор со оваа учебна година или со наредната учебна година, изјави Царовска. Додаде дека во Конкурсот се објавени компаниите со кои ќе има дуални паралелки, на локално ниво на родителите и на учениците ќе им се овозможи да ги видат работните услови и стипендирањето како дополнителна мотивација. На прес-конференција се обрати и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани кој нагласи дека имаме значително модернизиран образовен систем во делот на стручното образование, со проширен дуален коцепт на едукација и додаде дека ќе се придонесе во намалување на стапката на младинската невработеност. Апелираше основците детално да го разгледаат Конкурсот и добро да се информираат за придобивките од средното стручно образование. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески се обрати преку водеоконференциска врска и изрази задоволство од спроведената кампања „Учи паметно, работи стручно“ и додаде дека ќе им се помогне на компаниите со кадарот затоа што, како што рече, без кадарот нема ништо. Според него, доколку не беше пандемијата со КОВИД-19, клучен проблем за нас ќе беа кадрите. - Нашите заложби се да продолжат овие процеси на ист професионален начин како што е одработено со оваа кампања, посочи Азески и изрази задоволство што учениците ќе добијат стипендии. мд/

 

Остани поврзан