• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Презентирана студија за кохезивно и инклузивно општество во Куманово

Презентирана студија за кохезивно и инклузивно општество во Куманово

Куманово, 4 април 2025 (МИА) - На иницијатива на секторот за образование од Општина Куманово, денеска пред претставници од училиштата беа презентирани податоци за врсничко насилство помеѓу учениците. Директори, стручни служби, педагози, психолози имаа можност да ја проследат презентацијата на студија за кохезивно и инклузивно општество преку холистички пристап на Нелко Нелковски.

Промоцијата е во рамки на проектот „Хепи Хипо Шоу – за кохезивно и инклузивно општество“, имплементиран од Театар „Боеми“ – Скопје, спроведен од страна на Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ и Здружение „Хуманост“. Во истражувањето покрај ученици од Куманово учествувале учениците од осмите и деветите одделенија, како и средношколците од општините Гази Баба и Кисела Вода. Авторот на студијата Нелко Нелковски денеска го презентираше истражувањето, но и препораките како да им се помогне на учениците.

- Генерална оценка е дека состојбата не е сјајна, но исто така од аспект на ангажман на општините и училиштата не може да се каже дека е лоша. Училиштата даваат се од себе, но има определени специфики кои е потребно да се надминат за системот да се подобри и биде на ниво на европски организиран систем, сè уште не сме на тоа ниво, вели Нелковски.

Важно е учениците да се охрабрат и да пријават. - Факт е дека жртви има и жртвите трпат, не се охрабруваат да пријавуваат, затоа денеска сме тука да ги охрабриме стручните служби да работат со учениците за тие да пријавуваат, изјави раководителот на секторот за образоавние, Александар Јовановиќ.

Тој додава дека има пријавени случаи за врсничко насилство во полицијата, а за дел се водат и судски постапки. Злоупотребата на социјалните мрежи била најчеста причина за појава на врсничко насилство.- Да го разгледаме и фактот дали тоа врсничко насилство што го потенцираат на социјалните мрежи, како исмевање и други начини на тортура, дали е во училиште или надвор од училиште. Кои се надлежностите на училиштето за мобилните телефони и пак ќе ја поднесам онаа иницијатива за забрана на мобилни телефони и ако таа петиција стигне до мене ќе ја потпишам со две раце затоа што сметам дека телефоните само го одвлекуваат вниманието, изјави Јовановиќ.

Во Куманово неколку училишта забрануваат користење мобилен, но за време на наставата. ам/мд/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан